Dark Mode Light Mode

Состојба во ковид-центрите: Нови 31 пациенти за 24 часа во Скопје, вкупно во болниците во државата има 1.000

Во изминатите 24 часа во ковид -центрите во Скопје се хоспитализирани 31 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Со тоа, вкупно 436 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, најмногу приеми имало на Интерните клиники- 23, потоа во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ – 6 и 2 на Инфективната клиника.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

Реклама

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, од викендов отворени се и работат ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.

Бројката на лица кои се на болничко лекување поради компликации од ковид во целата држава е над илјада.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од „играчка“ до „плачка“ со џипот „БМВ“ многу е мала границата

Next Post

Најголем интерес за попис има кај нашинците во Швајцарија, најмал во Канада и Австралија

Реклама