Dark Mode Light Mode

Мицкоски на Фејсбук: По бројот на вакцинирани како да сме Африка

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на Фејсбук објави листа и интерактивна мапа на држави на Блумберг на која според процентот на вакцинација нашата земја се наоѓа на 118 -то место од вкупно 122 земји во светот кои се рангирани.

-На дното од дното. 5 место, но од назад. Срамота и греота! Кога ја читаат анализата низ светот ќе мислат дека сме држава во субсахарска Африка, затворени и изолирани од светот, а не држава во срцето на Европа чиј сосед Србија на истата таа листа е во врвот со 2 милиони вакцинирани и скоро 30% од населението имунизирано. Пред нас се сите. Албанија, Бугарија, Грција, а да не зборуваме и за Хрватска и Словенија, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Тој за ваквата состојба ги обвини премиерот Заев и министерот за здравство Венко Филипче за кои рече дека ги носат на совест сите заболени и починати од јануари наваму.

Реклама

Но, ако се има предвид дека и една Гана, која е држава во Африка, кон крајот на минатиот месец доби 600.000 вакцини преку Ковакс, тогаш, ние со оние нешто над 8.000 фајзерови што ни и даде Србија и 3.000 руски вакцини, не сме но до таму.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Над 18.000 останале без работа изминатата година - во февруари нови 927

Next Post

Стигна наплатата на данокот и фирмарината за 2021-ва, но и опомени за неплатените од лани

Реклама