Dark Mode Light Mode

Уште еден земјотрес регистриран во околината на Тетово и Гостивар

Земјотрес со интензитет од 2,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во една минута пред полноќ во околината на Тетово и Гостивар.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, на 13.03.2021 година во 23 часот и 59 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65 километри југозападно од Скоpje и со локална Рихтерова магнитуда ML2.9, соопшти синоќа Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци овој земјотрес бил почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сончево и топло во текот на денот, од вечерва нов влажен и постуден бран

Next Post

Барам мајстори, ќе ја зголемувам терасата поради пописот

Реклама