Dark Mode Light Mode
И СДСМ е за пратеник да има само македонско државјанство, но ако важи од сега
Лекарската комора не го дообјасни извештајот за дебарската родилка на која и извадија органи
Ни претстојат ветровити денови

Лекарската комора не го дообјасни извештајот за дебарската родилка на која и извадија органи

Ниту го виделе извештајот за извршениот надзор, ниту знаат што во него пишува ниту имаат објаснување за тоа зошто на дебарската родилка Јилдиз Веапоска морале да и бидат извадени три органи при породувањето. Ова произлезе од денешната конференција за печат на раководството на Лекарската комора на Македонија која следува по извештајот на нивен стручен надзор кој не утврдил лекарска грешка и предизвика големи реакции во јавноста и барања да се дознае вистината за целиот случај.

Претседателката на ЛКМ д-р Калина Гривчева – Старделова рече дека нивните претставници само вршеле стручен надзор.

– Извештајот ја констатира состојбата ако постојат недостатоци во стручна работа. Состојбата се прави врз достапна медицинска документација, како и од изјави. Судското вештачење е сосема поинаква процедура која се спроведува од сосема други органи. Лекарска грешка утврдуваат судските вештаци кога целиот процес ќе отиде во судска процедура, истакна Гривчева – Старделова.

Реклама

Таа не сакаше да ги соопшти имињата на лицата кои го вршеле стручниот надзор за да се заштитат од притисоците на членовите на семејството, пациентите и другите колеги. Претседателката на ЛКМ рече дека и таа не знае што пишува во извештајот за надзорот и дека таму се дава само стручно мислење.

-Овој извештај не влијае на понатамошниот тек на постапувањето на правосудните органи. Ние не сме комисија од судски вештаци и не правиме судски вештачања. Тоа е сосема различна постапка и се работи на поинаков начин, објасни таа.

Беше прокоментиран и фактот дека Мухамед Асани, струшкиот доктор кого го обвинува Веапоска, инаку, е член на Извршниот одбор на ЛКМ.

-Неговото работење во ИО е ставено во мирување додека се расчисти целиот случај, рече Гривчева – Старделова.

Инаку, Во Извештајот на Лекарската комора е наведено дека пациентката е „соодветно примена и адекватно предоперативно подготвена за породување и не се евидентирани пропусти во оперативното породување“.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

И СДСМ е за пратеник да има само македонско државјанство, но ако важи од сега

Next Post

Ни претстојат ветровити денови

Реклама