Dark Mode Light Mode

И СДСМ е за пратеник да има само македонско државјанство, но ако важи од сега

СДСМ поддржува пратеници да бидат лица кои имаат единствено македонско државјанство, но тоа да важи и за пратениците од актуелниот пратенички состав, одговорија од владејачката партиа на предлогот од опозицијата.

Уште еден услов е пратениците да не може да бидат лица кои се осудувани за кражби во други држави, и притоа го поочуваат Антонио Милошоски, од кого бараат оставка, бидејќипред извесно време некои медиуми објавија дека наводно бил осуден и казнет во Германија и за кого се водат предмети пред македонските судови.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека ќе поднесе предлог-закон и дополнување на Законот за пратеници со кој пратениците ќе имаат само македонско државјанство.

Реклама

Предлогот на опозициската партија доаѓа еден ден откако бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов на Фејсбук објави список на имиња со бугарски пасоши, кои, според него, се совпаѓаат со имињата на дел од членовите на партијата, што ВМРО-ДПМНЕ остро го демантираше.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Колеги, пријатели и роднини се простуваат од Горан Гаврилов, сопственик на радиото Канал 77

Next Post

Лекарската комора не го дообјасни извештајот за дебарската родилка на која и извадија органи

Реклама