Dark Mode Light Mode

Мицковски објасни која е Шекеринска, а кој казнетиот Ковачки

Првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагира на информацијата дека е казнет полковник Драган Ковачки. Еве што тој напиша на Фејсбук по тој повод:

-Радмила Шекеринска го казнила полковник Драган Ковачки затоа што напишал „долга е раката на ВМРО“.

Кој е Ковачки?

Реклама

-Бранител од 2001 година, дел од специјалната армиска единица “Волци”.
-Офицер од првата генерација на македонски офицepи со завpшена Вoeна академија, офицер за специјални операции и за разузнавање во првата мисија под раководство на САД- Слобода за Ирак.
-Командант на Првата механизирана пешадиска бригада.
-Командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции.
-Завршил на Кралски колеџ за одбранбени студии во Велика Британија, Командно-штабна академија во Хрватска и Воена Академија во Македонија. Во Велика Британија завршил школа за стратегиско лидерство и контраразузнавање, во САД за стратегиско разузнавање.

А која е Радмила Шекеринска?

-кадар активен уште од времето на транзициската олигархија од деведесетите години.
-учесник во власта уште од времето на ТАТ, транзицијата, криминалната транзиција, вице премиерка во владата на Бучковски, истото и во најкриминалната влада во Европа на Зоран Заев.
– позната по “бонбона бизнисите” и матната продажба на ЕСМ,
– позната по аферата “кирии”, домаќин на обвинителката Катица Јанева осудена за рекет.

Ковачки е дел од најдоброто од македонската армија, Шекеринска е дел од најлошото од македонската политика.
Ковачки, главата горе, овој пат одиме до крај. Или тие, или Македонија.

П.С. И Ковачки ви ја кажал вистината. Долга е раката на ВМРО исто како и вистината! И овој пат одговорност за криминалците ќе има, нема друга алтернатива, напишал Мицкоски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Кој краде во странство не е за пратеник, а ако краде во Македонија...

Next Post

Скопје станува конгломерат од 10 различни меѓусебно неповрзани целини

Реклама