Dark Mode Light Mode

Во Скопје нови 28 пациенти со ковид во болница

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 937.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализiрани 28 нови пациенти или вкупно 355 лица.

Во последното деноноќие, најмногу приеми имало на Инфективната клиника и на интерните клиники- 12 приеми, додека во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ четири. Во Козле не се примени пациенти.

Реклама

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 18 оздравени пациенти.

Министерството за здравство соопшти дека бројот на приеми во изминативе денови е зголемен, поради што отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Институциите мора да се темелни за случајот со родилката од Дебар

Next Post

Мијалков останува во притвор

Реклама