Dark Mode Light Mode

Шлепер удри во дрво, тоа падна и искрши автомобил: дрвото ли ќе ја плати штетата?

Како филмска сцена од хорор – така изгледаше она што се случи вчера на улицата Св. Климент Охридски во среде Центар. Шлепер од објектот кој се гради до Тутунска Банка, во обид да сврти удри во дрвото, го бутна, по што тоа падна врз автомобил во движење и ја искрши шофершајбната. Трагедијата ќе беше поголема ако настрадаше возачот внатре.

За среќа, според официјалните информации такво нешто не се случило, но дефинитивно се наметнуваат неколку прашања:

-Зарем не е обезбедена зоната на градење до извесно растојание за да не се случуваат вакви нешта?
-Нема ли работници кои би требале да му го помогнат движењето односно прегледноста на возачот на шлеперот?
-Кој ќе ја плати штетата: градежната компанија или? Судејќи според владеењето на правото во нашата земја, веројатно дрвото ќе треба да ги покрие сите трошоци!

Реклама

До овој момент, од МВР велат работеле на расчистување на случајот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Некогаш некаде” – книга со чувства во боја

Next Post

„Култура или фис-култура?“ со протестен перформанс заради игнорантскиот однос на министерството за култура

Реклама