Dark Mode Light Mode

Село гори, Советот за национална безбедност ќе се чешла

Претседателот на државата Стево Пендаровски за утре во 13:00 часот во Кабинетот во вилата Водно свика редовна седница на Советот за национална безбедност.

Покрај членовите на Советот, поканети се и началникот на Генералштабот на Армијата, директорот на Агенцијата за разузнавање и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.

И таман кога сите помислија дека ова тело кое ги обединува сите главни функции во Македонија ќе се состане да ја разгледа ситуацијата со пандемијата во земјава, особено откако е воведен и полициски час поради високата бројка на заразени, во соопштението стои цитираме: „Седницата ќе се одржи со единствена точка на дневен ред: Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период“.

Реклама

Советот за безбедност изминатата година одржуваше чести седници, особено за време на вонредната состојба, при што членовите на прес – конференциите детално информираа за предлозите кои произлегуваа, како и за идните планови.

Затоа зачудува што епидемиолошката состојба со речиси 1.000 новозаразени и со дваесетина смртни случаи дневно, сега, не заслужува да биде на дневен ред, макар и како втора точка.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Жителка на Тафталиџе: Завршив во амбуланта поради азбестот од барака која ја урнаа со багер

Next Post

Утре потопло, од недела пак дожд

Реклама