Dark Mode Light Mode

Мицкоски од Инфективна со писмо до амбасадорите: Да се одложат пописот и локалните избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со писмо до амбасадорите во Македонија ургира пописот да биде одложен за септември, а локалните избори за ноември. Тој писмото го напишал на Инфективната клиника, каде што е хоспитализиран поради ковид-19.

Како причини за одложувањето ја наведува лошата епидемиолошка состојба во земјава, и немањето вакцини, при што смета дека теренскиот попис може да го загрози здравјето на населението.

Тој предлага пописот, наместо во април, да биде одложен за септември, а локалните избори, наместо до 17 октомври, да се одржат во првата половина на ноември.

Реклама

-Јас не се сомневам во потребата од кредибилен попис, но во овој момент не е време за него. Ние мора да сме фокусирани пред сѐ на борбата против здравствените предизвици што се пред нас. Откако ќе се надмине здравствената криза, ние можеме повторно да се насочиме на пописот, се вели во писмото.

Одложување на изборите вчера предложи и претседателот на ДИК, Александар Даштевски, но поради тоа што сѐ уште не е набавена опремата за скенирање отпечатоци од прст.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски изјави денеска дека за одложување на пописот може да се размислува само ако тоа го препорача Комисијата за заразни болести. Се дотогаш пописот останува да започне на 1 април.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Границите затворени, ама шверцерите со мигранти работат турбо

Next Post

Ковид коси во земјава: 21 починати и 947 новозаразени, во Скопје над 5.000 активни случаи

Реклама