Dark Mode Light Mode

Зошто синдикатите не се гласни, додека бизнисот и владата им ја кројат „неделата“?

Бизнисот и Владата веќе извесен период се препукуваат за одлуката на вторите недела да биде неработен ден. Вчера бизнисмените се изјаснија децидно против, сметајќи дека има дејности за кои не смее и не треба недела да е неработна, но и дека тие и онака плаќале дневници за тие кои работат тој ден- па не ја гледаат потребата истиот специјално да биде прогласен.

Но реагираа и оние најповиканите: работниците. Од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) излегоа со соопштение дека никој во ниеден момент не ги викнал на дебата за ваквата одлука. Велат, смешно е и трагично да одлучуваш за работа на работник во недела а истиот не си го ни прашал.
-Да си правиш дебата дали требало или не да се работи во недела и да дебатираш сам со себе без да ги слушнеш работниците односно оние кои ти работат во недела е рамно на робовладетелско општество на кое се навикнати македонските работодавачи. На каков начин ги мотивирале до сега работниците да им работат во недела и со својот труд да им го ствараат капиталот, реагира ССМ.

Пошироката јавност излезе со поддршка за ваквата позиција на ССМ, ама истовремено и со критика:

Реклама

-Зошто чекавте да не ве побараат? Зошто не кажавте јасно и гласно веднаш? Зошто дозволувате некој да ве третира како сака, а вие сте клучот за да функционира работниот циклус, оти како без вас би постоел бизнисот? Никако! Зошто синдикатите молчат? Ова се само дел од реакциите под објавата на ставот на ССМ на социјалните мрежи.

Факт е дека бизнисот и власта не треба да договараат без да ги слушнат најважните- работниците. Но, синдикатите истовремено треба да се разбудат од зимски сон и да реагираат согласно намената заради која се формирани.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Јапонците не сакаат странски гости за Олимписките игри

Next Post

Полскиот диригент Антони Вит на концерт на Филхармонија во четврток

Реклама