Dark Mode Light Mode

Лекарската комора утврдила дека немало грешка кога на родилката и биле извадени матката, бубрег и јајник

Немало пропуст во лекарската интервенција во случајот кој предизвика големи реакции во јавноста кога на родилка при породување и биле отстранети матката, бубрегот и јајникот. Ова било утврдено во текот на надзорот во случајот кој што го извршила Лекарската комора на Македонија. Информацијата за ова денеска ја потврди министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“.

– Стигна извештајот од Лекарска комора, не нашле пропуст во стручниот надзор, рече Филипче.

Тој додаде дека за дивата ординација која била дома кај докторот, а за која Државниот здравствен инспекторат одлучувал, има постапка во обвинителството во Струга.

Реклама

Случајот со родилката, медицинска сестра од Дебар, се актуелизира во јануари годинава кога таа за медиумите изјави дека доживеала вистинска голгота при породувањето во болницата во Струга. Таа била породена со царски рез при што при операцијата и биле отстранети матка, бубрег и еден јајчник. Пациентката тогаш побара од  Лекарската комора на Македонија да му ја одземе лиценцата на директорот на струшката болница и гинеколог што ја оперирал, д-р Мухамед Асани. Доктор Асани ја негираше вината и изјави дека операцијата ја извршил совесно. Предметот потоа бил испратен до Лекарската комора за стручен надзор.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Реакции по засилената пандемија: Нема да му падне круната на Заев ако пописот се одложи, важно е здравјето на граѓаните

Next Post

Починато лице пронајдено на брегот на Вардар во Долно Лисиче

Реклама