Dark Mode Light Mode

Облачно со повремен дожд

Во Скопје времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен дожд особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во другите краишта на Maкедонија времето ќе биде претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повремен снег ќе има понекаде и на повисоките места.

Во северните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер, а слаб јужен во јужните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 6 до 11 степени.

Реклама

Променливото облачно време со повремени врнежи од дожд ќе се задржи и во среда особено на северозапад, а на планините и на некои повисоки места повремено ќе врне снег. Во северните делови на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка, а мала снежна покривка ќе се формира и понекаде на повисоките места. Од овој влажен бран, врнежите ќе бидат пообилни на запад (над 25 л/24ч) особено во ноќта кон среда и претпладнето во среда кога во републиката ќе започне да дува и повремено силен северозападен ветер (над 65 км/час). Потоа следува период на стабилно и се потопло време.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Полскиот диригент Антони Вит на концерт на Филхармонија во четврток

Next Post

СЗО не го препорачува „туристичкиот“ Ковид пасош - вакцината не е достапна насекаде

Реклама