Dark Mode Light Mode

Состојба во ковид-центрите: Вкупно на лекување речиси 800 лица, 31 нов пациент во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 31 нови пациент поради компликации од корона вирусот.

Вкупниот број на лицата со ковид кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град е 303, од 795 колку што има во цела држава.

Во последното деноноќие, најмногу примеми имало во ГОБ „8 Септември“ – 15, и по 8 на Инфективната клиника и на интерните клиникии.

Реклама

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти.

Најмногу пациенти има на Инфективната клиника – 90, потоа во ГОБ „„8 Септември“ 81, на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти и на ГАК има 3 хоспитализирани ковид – позитивни пациентки.

Од Министерството за здравство велат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од среда вакцинирање со руски вакцини - за Филипче и кинеските само што не дошле

Next Post

Филипче: Во ниеден град нема потреба од рестрикции - состојбата со ковид не е алармантна

Реклама