Dark Mode Light Mode
Операција попис: Досега попишани 22 илјади од дијаспората, Заводот отфрла можност за манипулации
„Не отворам врата“: Членовите на владата да потпишат изјава за одговорност доколку било кој биде заразен од попишувачите
Неделен ковид-биланс: Февруари го завршивме со дури 56 отсто повеќе заразени

„Не отворам врата“: Членовите на владата да потпишат изјава за одговорност доколку било кој биде заразен од попишувачите

Националниот блок „Не отворам врата“ бара сите министри и премиерот да потпишат изјава за одговорност со која се обврзуваат под морална, материјална и кривична одговорност дека ангажираните околу 30.000 попишувачи и инструктори нема никого да заразат при нивното влегување во домовите на населението, а во спротивно ќе сносат полна одговорност.

-Ова е текстот на изјавата: ’Долупотпишаните членови на Владата, под морална, материјална и кривична одговорност изјавуваме дека 32.000 теренски попишувачи и инструктори кои ќе вршат попишување во 80 општини во државата групирани во 50 пописни реони, за време на пописот нема да заразат никого со коронавирусот при нивното влегување во домовите таму каде што ќе бидат пуштени да влезат и да вршат попишување на населението, становите и домаќинствата’ – завршен цитат, изјави претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев како дел од Националниот блок „Не отворам врата“, пренесува Макфакс.

Тој кажа дека ова е чекор во насока власта да се вразуми и да го одложи, како што вели, животозагрозувачкиот попис во април.

Реклама

-Потребен е попис со нула ризик за здравјето на народот, рече Бачев.

Фото – Макфакс

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Операција попис: Досега попишани 22 илјади од дијаспората, Заводот отфрла можност за манипулации

Next Post

Неделен ковид-биланс: Февруари го завршивме со дури 56 отсто повеќе заразени

Реклама