Dark Mode Light Mode

Косовскиот државјанин не пукал во синот на екс – поглаварот на ИВЗ, пуштен е од притвор

Косовскиот државјанин кој беше во 48 часовен притвор како осомничен за пукањето во Ѓорче Петров попладнето на 1 март, ќе биде пуштен бидејќи анализата на биолошкиот материјал кој бил пронајдени во возилото од кое постои сомнение дека било пукано при што е ранет полициски службеник, покажала дека не одговара на неговата ДНК.

Ова лице исто така не било препознаено од повредениот како оној кој пукал во него.

Имаше уште еден притворен за пукањето кое на 1 март во 16 часот се случи на улицата „Борис Сарафов“, при што од голф беше пукано кон мерцедес, но и ова лице поради немање докази е пуштено.

Реклама

За повредениот кој е полициски службеник неофицијално беше објавено дека е син на екс – поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Јана Белчева: Уставниот суд не препозна како се нарушуваат основните права на граѓаните во Центар

Next Post

Операција попис: Досега попишани 22 илјади од дијаспората, Заводот отфрла можност за манипулации

Реклама