Dark Mode Light Mode

Ги чекавме кинеските, ќе ги добиеме „Фајзер“

Министерството за здравство денеска ја објави динамиката по која компанијата „Фајзер“ ќе ги доставува вакцините – вкупно 800 280, според директниот договор за набавка.

Претходно денеска премиерот Зоран Заев објави дека долгоочекуваниот договор со американската компанија е стигнат.

Според планот, испораката на вакцините ќе биде во текот на цела 2021 година, во 4 квартали, а првите 21060 дози ќе стигнат кон крајот на март.

Реклама

Вакцините на „Фајзер-Бионтек“ се спакувани во вијали со по 6 дози, се чува и дистрибуира на -70 степени, во обичен фрижидер од 2 до 8 степени може да стои 5 дена, а растворена може да се чува 6 часа.

Вакцината од овој производител не е непозната за нас, бидејќи таа е засега и единствената со која се врши имунизација во земјава, добиена од Србија.

Имунизацијата која почна минатиот месец е за медицинскиот персонал во ковид-центрите, вработените во лабораториите и матичните лекари, како и некои стоматолози, а во првата фаза се и повозрасните и хронично болните.

До вчера, вакцинирани беа 2.860 здравствени работници, а за вакцинација преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ досега се пријавиле 72.400 граѓани и 46.810 преку матичен лекар.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Повторно висок број новопримени пациенти со ковид во болниците во Скопје

Next Post

Битката со ковид одзеде уште 9 животи: Нови 721 заразени, од кои половината се во Скопје

Реклама