Dark Mode Light Mode

Пратениците неделава се враќаат на седница?

Во текот на оваа недела пратениците конечно ќе се вратат во пленарната сала за да ја продолжат расправата по некоја од заостанатите пленарни седници.

Така барем договориле денеска на редовната понеделничка координативната средба координаторите на пратеничките групи и потпретседателите со собранискиот претседател Талат Џафери.

На координативната средба не присуствувале координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, кои подолго време не одат на овие средби, но кои имаат неформална комуникација со Џафери за работата и активностите на Собранието.

Реклама

Дали догворот ќе се спроведе во пракса засега не се знае, бидејќи на веб-страницата на Собранието се уште нема закажано ниту една од тие седници.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Почна плаќањето на сметки во Пошта - засега само на 35 места, а до крај на неделава на сите 300

Next Post

Ковид - биланс: Седум починати во 24 часа, нови заразени речиси колку и оздравени

Реклама