Dark Mode Light Mode

Состојба во ковид-центрите: 25 нови пациенти во Скопје, најмногу има на Инфективна

Во ковид – центрите во Скопје во изминативе 24 часа се хоспитализирани 25 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Со тоа, вкупно 263 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, од вкупно 682 колку што има во целата држава.

Според Министерството за здравство, во последното деноноќие, најмногу нови случаи се примени на интерните клиники – 11 приеми, седум на Инфективна и пет во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“, додека 2 пациенти во Козле.

Реклама

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.

Според статистиката, во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 27, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 38 пациенти со симптоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 86 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сите oвдешни кучкини синови

Next Post

За Мијалков во Шутка постојат безбедносни протоколи со кои се исклучени сите можности за инциденти

Реклама