Dark Mode Light Mode

Сепак Заев се сети и на Шилегов, па го стави меѓу неговите фаворити за градоначалници

Премиерот и лидерот на СДСМ Зоран Заев го додаде и скопскиот градоначалник Петре Шилегов на неговата лична листа на фаворити кои ќе ги поддржи за повторна кандидатура на претстојните локални избори.

За Шилегов имам пофални зборови, за мене е фаворит, иако се уште не сум го прашал дали ќе се кандидира на претстојните локални избори, изјави Заев на денешната промоција на реконструкцијата на Универзална сала.

Петре Шилегов, кој беше присутен на прес-конференцијата, неодамна најави дека планира да се кандидира за уште еден мандат. Меѓутоа тој не беше спомнат од страна на Заев кога лидерот на СДСМ пред две недели за првпат спомена десет актуелни градоначалници од кои е „исклучително задоволен“. Тој ги наведе првите луѓе на Валандово, на Дојран, на Богданци, Демир Капија, Конче, Кочани, новиот градоначалник на Штип, Старо Нагоричани, Крушево, Маврово Ростуше…

Реклама

Заев, сепак, рече дека во текот на летните месеци ќе се спроведе партиски процедура за избор на кандидати за градоначалници.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Шекеринска: Можевме да не кажеме дека ни е вратен капарот за кинеската вакцина

Next Post

Нови 12 лица обвинети за лажни ПЦР тестови

Реклама