Dark Mode Light Mode

Полицијата прекинала свадба со 300 гости во струмичко

Кривични пријави ќе бидат поднесени откако полицијата вчера прекина свадба со околу 300 гости во струмичкото село Банско.

-На 28.02.2021, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во с.Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапило спротивно на член 206 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на МВР

Во инфорамцијата се наведува дека свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. За настанот бил известен Јавен обвинител.   

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Почна првата фаза од пописот, ќе има ли бојкот?

Next Post

Полицијата ги брка, но колку ги стигнува „подивените“ возачи во Скопје?

Реклама