Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ: Бегството на Мијалков е договор со власта – да го најдат за 24 часа или оставка

ВМРО-ДПМНЕ ѝ даде 24 часа на власта да го пронајде Сашо Мијалков, во спротивно Владата да си поднесе оставка веднаш. Потпретседателот на партијата, Александар Николоски на прес-конференција рече дека се сомнева оти бегството на Мијалков е договорено со власта.

– Како што знае јавноста на 22 октомври пред три години кога го исклучивме Сашо Мијалков од партијата знаевме дека постои криминална коалиција Вице, Зоран и Мијалков кои работат на уништување и разнебитување на Македонија. Наградата од Зоран Заев стигна овој викнед, со што се овозможи да избега тој од правдата, имаме бегалец од правдата…Имаат 24 часа да го обезбедат бегалецот од правдата, рече Николовски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Николоски рече дека не очекува власта да го пронајде.

Реклама

-Или ќе му се овозможи да избега или во стилот на Пабло Ескобар добиваат на време да ги договорат условите под кои тој би се предал, рече Николоски за можното сценарио.

Претходно, и лидерот на партијата преку Фејсбук побара оставка од премиерот Заев.

-Заев, доста беше, кога ти си разочаран, Македонија глава ја боли… давај си оставка, не се резили дополнително!, напиша Мицкоски на својот профил.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пендаровски: Бегството на Мијалков е недозволиво, ако има пропуст, да има и одговорност

Next Post

Не газете по имињата на Гологанов, Сарафов, Трајковски: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ против промена на имињата на скопските улици

Реклама