Dark Mode Light Mode
ЕУ ја одобри вакцината „Астра Зенека“ за сите возрасти
Голем дел од скопјани се против нови имиња на улиците, и бранителите се кренаа, но Советот денеска расправа
Седумдневна интерактивна уметност на учениците од средно уметничко училиште

Голем дел од скопјани се против нови имиња на улиците, и бранителите се кренаа, но Советот денеска расправа

Денеска на седница на Советот на Град Скопје е расправата за 570 нови имиња на улици, плоштади, мостови во главниот град. Предлог листа која што од старт наиде на отпор кај голем дел од граѓаните, пред се заради тоа што луѓето не сакаат козметика на улиците тику нивно поправање, а се против трошењето на нивните пари собрани во скопскиот буџет за промена на имиња на улици, кога реално постојат многу поголеми проблеми што Градот не ги реши откако има мандат актуелниот градоначалник. На пример, се уште има улици на кои треба да се вози рели за да се избегнат кратерите и да не ги искршиме автомобилите. За загадувањето пак да не зборуваме.

-За загадувањето пари нема буџетот, ама затоа за чист популизам и менување на имиња на улици се наоѓаат. А се прашувате ли воопшто дали таксистите, обичните луѓе сакаат да трошат пари за менување на документи, за да ги учат одново новите имиња?! Срамота! – коментираат скопјани.

Една од причините е и фактот што меѓу предлозите за промена на улиците се и луѓе кои се бореле за други држави. Против оваа идеја први се кренаа бранителите.

Реклама

-Ставање имиња кои со сигурност би ги подгреале меѓуетничките односи, јас сум сигурен дека тоа не е во ред, без разлика каков е нивниот договор коалициски. Знаеме дека тие со оружје, насилно пробаа да го сменат поредокот во државата. Тргување со државата е недозволиво, без разлика на нивните политички договарања. Мора да водат сметка за интересите на граѓаните на РМ и нивните чувства. Со повреда на чувствата на граѓаните, они се самоуништуваат, порача Марин Најдов од одборот на бранителите.

Советниците на ВМРО ДПМНЕ се изјаснија против, а излегоа и на протест оти не се сложуваат со промената. Сепак точката е ставена на дневен ред, а како ќе помине и што ќе преовлада ќе се знае наскоро.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ЕУ ја одобри вакцината „Астра Зенека“ за сите возрасти

Next Post

Седумдневна интерактивна уметност на учениците од средно уметничко училиште

Реклама