Dark Mode Light Mode

Концерт на бугарскиот пијанист Евгениј Генчев, во вторник во Филхармонија

Во вторник, на 23 февруари, во Камерната сала во Филхармонија, ќе настапи бугарскиот пијанист Евгениј Генчев. Неговиот т.н. рецитал е насловен како „Фантазија“, а на репертоарот се дела од Албинони, Шопен и Лист.

Генчев настапува во Европа, Северна Америка, Азија и Австралија, и е добитник на повеќе од педесеттина национални и интернационални награди на натпревари за пијано, а настапувал во многу концертни сцени во светов – „Кофман центар“ во Њујорк, во Филхармонијата во Минхен, „Алтре Опер“ во Фракфурт, „Бриџвотер хол“ во Манчестер, „Мерцедес арена“ во Берлин, Центарот на национални уметности во Мексико сити, Филхармониската сала „Глинка“ во Санкт Петербург, Националниот центар за изведувачки уметности во Пекинг.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Градот измерил најмалку загаденост во јануари; Скопјани: каде живее градоначалникот, во Лазарополе?

Next Post

Претежно сончево, температура до 12 степени

Реклама