Dark Mode Light Mode

Загина 36-годишен битолчанец, се превртело комбето кое го управувал

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила денеска. Имено, триесет и шестгодишен битолчанец загинал во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на магистралниот пат Битола – Прилеп.

Од МВР информираат дека несреќата се случила околу 05.25 часот кога комбе, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(36) од Битола, излетало од патот. Од здобиените повреди возачот починал на местото.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во координација со јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Битола.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пендаровски: Не можам да сфатам дека ниту еден амандман од опозицијата за пописот не беше конструктивен

Next Post

На 8 март уште еден протест за „Јавна соба“

Реклама