Dark Mode Light Mode

Пендаровски: Не можам да сфатам дека ниту еден амандман од опозицијата за пописот не беше конструктивен

Не можам да сфатам дали е можно, не знам колку амандмани беа поднесени за законот за попис од опозицијата и дека баш ниеден не беше конструктивен, макар некој технички, козметички. Ние мора да градиме култура на комуникација и култура на консензус, изјави шефот на држават Стево Пендаровски. Во денешното опширно интервју што го објавува порталот МКД.мк тој порача дека не се согласува со таквата практика на владеачката коалиција.

Не се согласувам со таа практика, и за многу други законски проекти. Сме биле сите во опозиција и за нас беше фрустрирачки ако од 50 или 100 амандмани ниеден не бил прифатен. Не се согласувам и тоа јавно го кажувам, дециден е Пендаровски.

Ваков став тој имаше и во периодот на донесувањето на Законот за попис на населението при што повика на постигнување на компромис околу законските решенија. Но, на крајот, владеачката коалиција тоа не го прифати, а Пендаровски сепак го потпиша законот.

Реклама

Во однос на впишувањето на етничката припадност во личните карти Пендаровски не се согласува со тоа. 

Ако владејачката коалиција се договори, ако има мнозинство и ако законот биде донесен во регуларна постапка, јас немам многу големи аргументи контра таквиот став за да не потпишам указ. Но лично не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти. Не постои демократска држава во светот во која постои етничка или религиозна припадност, истакнал тој за МКД.мк.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Конечно се случи: Докторката Добринка и сестрата Габриела први примија вакцини против Ковид-19

Next Post

Загина 36-годишен битолчанец, се превртело комбето кое го управувал

Реклама