Dark Mode Light Mode
Над 53.000 граѓани досега се пријавиле за вакцинација
Заев сака да донира органи – преку личен пример ќе ја крева свеста
Бившо Матично стана Младински центар

Заев сака да донира органи – преку личен пример ќе ја крева свеста

Премиерот Зоран Заев денеска преку видеообраќање објавии дека оставил аманет на своето семејство дека сака да ги донира органите

-Донирањето органи е највисок чин на хуманост. Понекогаш, пресадувањето органи и ткива е единствен метод за лекување на болните и спас за животот на некои наши сограѓани. Најголем проблем претставува недостигот од органи и ткива, кои се соодветни за пресадување и донори. Во таа насока секој од нас може да придонесе. На пример, секој од нас може да се посвети на ширењето на свеста и на едукацијата за донирање органи и ткива, вели тој.

Тој ги повикува сите граѓани да прифатат дека органодарителството е највисок акт на човечност и хуманост, и ја подига свеста за уште многу успешни трансплантации за излекување и за спасени животи.

Реклама

-Токму затоа за ова прашање имам разговарано со најтесниот круг од моето семејство и имам оставено аманет дека сум подготвен лично да придонесам нечиј живот да биде спасен, истакнува Заев.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Над 53.000 граѓани досега се пријавиле за вакцинација

Next Post

Бившо Матично стана Младински центар

Реклама