Dark Mode Light Mode

Сонце со заби, максималната температура нема да мине над нулата

Во Скопје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со слаба магла. Сонцето, народски кажано – ќе биде со заби, па минималната температура ќе се спушти до -13, а максималната ќе достигне до 0 степени.

На останатото подрачје на Македонија утрово ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Во вечерните и ноќните часови облачноста ќе се зголеми и во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -7, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени. Во делови од Пелагонија утринската температура ќе биде околу -20, а максималната околу -7 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во пораст, но сепак утринските ќе бидат негативни, на места и под -10 степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ќе именувале улица по Есма Реџепова, додека нејзината куќа гние во трева, ограбена, распадната

Next Post

Гостите при пописот, гости ли се?

Реклама