Dark Mode Light Mode

Да сум градоначалник на Скопје ќе го исчистам градот, за тоа не треба многу пари

Професорот по математика, Илија Лазаров, одговара на прашањето: кои три работи веднаш би ги направил ако тој е градоначалник на Град Скопје.

  1. Чистење на градот

Нехигиената во градот е еден од најголемите проблеми и кој им пречи на сите граѓани. Не е убаво чувство што ќе излезете од дома, прво со што ќе се сретнете се отпадоци. Ги има насекаде – на тротоарите, во тревниците, околу контејнерите… Тоа би го сменил. Не преку една-две акции кои кампањски се организираат туку преку постојана активност на комуналните служби. Има начини тие да функционираат подобро како и граѓаните да ги сменат навиките. За сето тоа не се потребни многу средства.

2. Средени сообраќајници, тротоари…

Реклама

За нормално функционирање на градот му се потребни добри сообраќајници. Ако сакаме да немаме запушени улици на кои ќе се трупаат колони возила со нервозни возачи и кои ќе го загадуваат воздухот, мораме да имаме проточни сообраќајници. Насекаде каде е потребно би изградил нови улици и булевари за сообраќајот побрзо да функционира. Напоредно со нив би градел и тотоари, велосипедски патеки.

3. Колекторски систем за отпадните води          

Неприфатливо е веќе реките по градот да ни служат како една голема канализациона цевка. Потребен ни е интегрален колекторски систем и тоа би го форсирал. Таков проект е почнат, но треба да се забрза и да добие приоритет. Освен ова, би работел и на гасификацијата на градот бидејќи со тоа ќе се намалува загадувањето, како и на нов систем на градскиот превоз. Би садел и садници и не би дозволувал да се исушат веќе во прва година.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Да сум градоначалник на Кисела Вода ќе направам поликлиника, канализација...

Next Post

Oпштина Центар издвојува 2 милиони денари од буџетот за „Лајка

Реклама