Dark Mode Light Mode

Можеби доцни, но зима ќе има – следните денови температури и до -17 степени

УХМР за следните денови најавува многу студен бран, со утрински температури до -17 степени и умерен до засилен северен ветер.

За време на викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови.  Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Во југозападните делови снежната покривка некаде ќе надмине 20 сантиметри.

Утре утринската температура ќе биде од -4 до -10, а дневната од -5 до еден степен. Во недела ќе падне на -11 до -5 во утринските часови, а дневната ќе се движи од -8 до нула степени.

Реклама

Утринските температури ќе бидат особено ниски од почетокот на наредната недела и понекаде ќе се спуштаат под -15 степени. Дневните температури само понекаде ќе се искачуваат до некој степен над нулата.

Според прогнозата, во среда утринските температури ќе бидат најниски, од -17 до -8 степени,  а дневните ќе се движат од -8 до три степени.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Со ревидираниот ДУП во Маџир маало ќе има 3 хотели, 14 згради и 5 паркчиња

Next Post

Ќе ги послуша ли Владата невладините за Водно или хациенди и натаму ќе ја масакрираат планината?

Реклама