Dark Mode Light Mode

ФОТО: Во голем пожар изгореа четири возила во Автокоманда

Во голем пожар синоќа околу полноќ во скопска Автокоманда изгореа четири автомобили. Според сознанијата во возилата во моментот на избувнувањето на пожарот немало патници. Очевидците наведуваа дека огнот брзо се ширел и дека кога стасале пожарникарите возилата веќе биле скоро целосно опожарени.

На фотографиите кои до „Скопско ехо“ ги достави граѓанката Ерина Богоева се гледа дека огнот бил голем. Тој прво се појавил во едно од паркираните возила, а потоа се приширил и на другите.

Реклама

Полицијата излезе со соопштение за настанот наведувајќи дека на улицата „Трифун Хаџи Јанев“ избувнал пожар во возило по што се проширил и на соседните возила.

-Од пожарот биле опожарени патничко моторно возило ‘Киа делта, сопственост на И. Б. (49); патничко моторно возило ‘Ауди А4’, сопственост на правно лице; патничко моторно возило ‘Форд фиеста, сопственост на Д. В., и патничко моторно возило ‘Пежо партнер’, сопственост на правно лице, соопшти МВР.

Пожарот е изгаснат од Противпожарната екипа. Извршен е увид на местото на настанот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Британската мутација на корона вирусот засега ја имаат 45 наши граѓани, најмногу во Охрид и Прилеп

Next Post

Кучето Лајка леташе во вселената пред децении, нашата „Лајка“ „скита“ бесцелно

Реклама