Dark Mode Light Mode

Во Центар тешко се воспоставува ред во паркирањето, за една недела казнети 189 возачи

Вкупно 189 возачи во текот на минатата недела се казнети поради непрописно паркирање, соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар.

-Во периодот од 01.02. до 07.02.2021 година, со помош на специјалните возила„Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 86 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 103 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во соопштението.

Во информацијата се наведува дека ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици. 

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Тврдеа дека инвестициите зависат од членство во НАТО, а сега пак и од попис и од избегнување на предвремени избори и од...

Next Post

Поради истекот на 90 дена од последното рочиште: Случајот ,,Шпански скали” почна одново

Реклама