Dark Mode Light Mode

Поради истекот на 90 дена од последното рочиште: Случајот ,,Шпански скали” почна одново

Судењето во случајот „Шпански скали“ тргна одново на денешното рочиште. Причина е што истекле 90 дена од последното одржано рочиште. Првообвинетиот, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, на повторните воведни зборови рече дека не се чуствува виновен и дека докрај не му е јасно обвинението.

Слични изјави дадоа и другите обвинети кој меѓудругото посочија дека не им е јасно за што се обвинети.

Како застапник на обвинението во овој случај е јавната обвинителка Ивана Трајчева, а судењето го води судијата Владимир Туфегџиќ. Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Реклама

Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје, ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во Центар тешко се воспоставува ред во паркирањето, за една недела казнети 189 возачи

Next Post

Најнова најава за вакцините: Граѓаните преку интернет ќе може да се пријават за вакцинирање

Реклама