Dark Mode Light Mode
Сончево време со температура до 22 степени
Голема полициска акција во Прилеп, се апсат дилери на дрога, полицајци, менаџери…
Пукање во Арачиново: Ги нападнале во дворот, тие возвратиле

Голема полициска акција во Прилеп, се апсат дилери на дрога, полицајци, менаџери…

Повеќе лица поврзани со ширењето на дрогата се упасени во текот на вчерашната акција која ја спроведуваше МВР во Прилеп. Според неофицијалните информации акцијата е организирана за разбивање и откривање на голема дилерска мрежа и се проверуваат повеќе локации и домови на приведените. Осомничените се поврзани со продажбата на опојните дроги хероин, кокаин, марихуана и амфетамини.

МВР се уште не излезе со официјално соопштение за акцијата во која се проведени меѓу седум и девет лица. Освен нив, биле осомничени уште дваесетина лица. Наводно, во оваа мрежа се вмешани и менаџепи на локали, хотели, па дури и полицајци, кои во изминатиов период соработувале со дилерите на наркотични дроги. Биле пронајдени и запленети извесни количини на марихуаната, три возила, поголема количина пари, мобилни телефони и документација. Акцијата била резултат на повеќемесечната истрага во текот на која биле користени и посебни истражни мерки.

Од МВР за денеска најавија повеќе информации за акцијата.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сончево време со температура до 22 степени

Next Post

Пукање во Арачиново: Ги нападнале во дворот, тие возвратиле

Реклама