Dark Mode Light Mode

Сончево време со температура до 22 степени

Во Скопје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со услови за магла во делови од котлината. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 16 степени.

На подрачјето на земјава времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6, а дневната од 14 до 22 степени.

Во недела ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, што ќе се задржи до вторник. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Реклама

Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 л/м2). На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со силен јужен ветер (над 60 км/час) и појава на грмежи. Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Да го поздравиш и да ми го бациш“ вечерва во МКЦ

Next Post

Голема полициска акција во Прилеп, се апсат дилери на дрога, полицајци, менаџери...

Реклама