Dark Mode Light Mode

287 санкционирани возачи во Скопје, 20 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 287 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 30 санкции, 16 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се 20 санкции за возење под дејство на алкохол,  11 мерки за непочитување на брзина на движење, 10 за некористење на сигурносен појас, 11 за непрописно престројување на возила и 83 санкции за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пукање во Арачиново: Ги нападнале во дворот, тие возвратиле

Next Post

Со Студијата за Водно ќе се озакони натамошното негово узурпирање со нови градби

Реклама