Dark Mode Light Mode

„Улиште“ со македонска копродукција победи на американскиот филмски фестивал „Санденс 2021“

Најдобар филм, режија и награда од публиката освои косовско-македонската продукција на филмот „Улиште“ на американскиот филмски фестивал „Санденс 2021“.

„Улиште“ е сработен под режисерска палка на Блерта Башоли, а Македонија се јавува како земја копродуцент со поддршка на Агенцијата за филм во 2018 година. Односно во целина се работи за копродукција меѓу Косово, Северна Македонија, Швајцарија и Албанија.

-Малцинските копродукции стануваат клучен фактор за освојување на светската кинематографија токму преку вакви соработки кои се препознавани од националните агениции за филм, соопшти Агенцијата за филм.

Реклама

Изминатите години бевме присутни на „Санденс“ со филмовите: во 2018 година со „Види ја ти неа” на Горан Столевски (наградата Најдобар интернационален игран филм во категорија на кратки филмови), во 2019 година со „Медена земја“ (Големата награда на Жирито, Најдобар документарен филм и Награда за најдобра кинематографија) и во 2020 „Налепница“ на Георги Унковски, каде ја имаше својата светска премиера.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во Драчево парк на местото на депонија, кога во Аеродром, на пример, ќе никне зеленило наместо зграда?

Next Post

Ниска облачност со сончеви периоди и температура до 14 степени

Реклама