Dark Mode Light Mode

Зошто нема казни за сопствениците кои се изживуваат со коњите?

Претпријатието за згрижување на кучиња скитници „Лајка“ одлучи да интервенира со прва помош, нега, храна и заловување на коњи кои се напуштени и изнемоштени. Се поголем е бројот на коњи кои се злоупотребени па оставени на милост и немилост на времето и просторот, па ги среќаваме како сами шетаат по улиците. А не ретко и умираат.

Идејата на „Лајка“ е несомнено добра, но примарната цел на нејзиното постоење се кучињата скитници – чии што број не се намалува, напротив. Секојдневно има луѓе кои пријавуваат дека се каснати од куче скитник. Надлежните ветуваа дека ова ќе се реши кога ќе се отвори „Лајка“ но скопјани тврдат дека подобрување нема.

Дополнително, грижата за коњите ќе го оттргне вниманието на претпријатието од неговата клучна мисија. За коњите, пак треба да се грижат пред се други надлежни, но и да се санкционираат т.н. сопственици кои се изживуваат со нив: ги злоупотребуваат како товарно возило, не ги хранат, ги тепаат и оставаат каде стигнат. Има земји во кои овие животни се сериозно заштитени, па ваквите случки се казниви и со затвор. Истовремено, секој човек не може да си дозволи да поседува коњ, барем не во овие земји – исклучително е скап и за купување и за одржување.

Реклама

Изгледа само во земји како нашата злоупотребувачите на коњи можат да си набават кога сакаат и при тоа да не водат грижа за нив. Во исто време нема ни кој да ги казни, па грациозните животни завршуваат трагично. Зошто едноставно не почне да се санкционира?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Возете внимателно, на патиштата низ Македонија има магла и можни се одрони

Next Post

„Мирно лето“ и „Фросина“ се македонското учество во проектот на Европската асоцијација на кинотеки

Реклама