Dark Mode Light Mode

Уште еден проект за осовременување на ромските населби – ни прв ни последен, но условите и натаму очајни

Со 3,2 милиони евра преку Инструментот за претпристапна помош – ИПА 2 на Европската унија, Владата ќе ги подобрува условите во населбите каде доминантно живеат Роми.

Се работи за проекти во Прилеп, Битола, Штип, Берово и Кичево. Во следните три години тоа ќе значи да се легализираат ромски домови, да се подобри инфраструктурата во ромските населби, да се изградат нови куќи, вработување на младите Роми и поддршка на учениците Роми со туторство.

Според анализата, 700 ромски домаќинства во Прилеп, 1.о27 во Штип и 40 во Берово живеат моментално во дивоградби, а такви имоти во Битола имаат 5.000 Роми.

Реклама

Планот за нови живеалишта опфаќа 50 куќи во Штип, 30 станови во Кичево, и реконструкција на 50 куќи во Прилеп и 15 куќи во Берово.

Инаку, ова не е прв ваков проект чија цел е условите во кои живеат Ромите во целата држава да се подобрат.

Но и покрај сето тоа, овие наши граѓани и натаму живеат во услови полоши од останатите – населби кои се со нерешен статус и без основна инфраструктура, а повеќе од 50 проценти од семејствата живеат со уште едно семејство заедно во простор од два до пет метри квадратни, од кои половина немаат услови за лична хигиена и вода во своите домови.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Единствено се знае дека вакцинацијата ќе почне со кинески вакцини, но кога?

Next Post

Во Србија можат да се вакцинираат и македонски граѓани, но само ако имаат српско државјанство или престој

Реклама