Dark Mode Light Mode

По утринската магла – сончево со умерена облачност

Времето во Скопје денеска претпладне ќе биде со услови за појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Времето во останатиот дел од Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб, во југозападните делови повремено умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6, а дневната од 11 до 18 степени.

До недела ќе се задржи стабилно време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер во четврток од северозападен, а потоа од јужен правец.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Мирно лето“ и „Фросина“ се македонското учество во проектот на Европската асоцијација на кинотеки

Next Post

Пендаровски предложи, но ВМРО-ДПМНЕ одби одложување на пописот за мај или јуни

Реклама