Dark Mode Light Mode

Во Унгарија пристигнува првата серија од руската вакцина

Трката по вакцини против опасниот вирус во светот продолжува. Секоја посериозна држава се обидува да набави што е можно побрзо вакцини за своето население.

Унгарија денеска ќе ја добие првата серија од руската вакцина против Ковид-19, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Минатиот месец Унгарија стана првата земја членка на ЕУ која ја купи руската вакцина Спутник V. Како што беше соопштено во земјата денеска ќе пристигнат 40.000 дози од руската вакцина.

Реклама

За потсетување, руската амбасада во Скопје пред извесно време ги понудила руските вакцини и на нашите власти, но засега нема ништо од бизнисот. Инаку, во Македонија уште не е пристигната никаква вакцина против корона вирусот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сакаш куче? Вдоми од „Лајка“, за помалку кучиња скитници на улиците

Next Post

„Фајзер“ очекува 15 милијарди долари од продажбата на вакцини во 2021 година

Реклама