Dark Mode Light Mode

Швајцарија бара дополнително истражување за вакцината на „Астра зенека“ пред употребата

Швајцарската агенција за лекови, која ги издава одобренијата, процени дека се потребни дополнителни тестови на вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“ пред употреба.

-Податоците што до сега беа доставени и проучени се недоволни за издавање одобрение. Потребни се дополнителни податоци за безбедноста за понатамошна проценка на безбедноста, ефикасноста и квалитетот“, се вели во соопштението на „Свисмедик“, додека вакцината е веќе одобрена во голем број земји, вклучително и во ЕУ.

Од таму наведуваат дека земајќи ги предвид досега проучените податоци, советничкиот одбор на експерти оценил дека достапните податоци не овозможуваат заклучок за придобивките и ризиците од таа вакцина.

Реклама

Инаку, Кампањата за вакцинација во Швајцарија започна на крајот на декември.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Се одбележува 149 години од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев

Next Post

Осуммина вработени во МВР делеле возачки дозволи на лица што немале положено

Реклама