Dark Mode Light Mode

Мнозинството Французи не го сакаат западниот Балкан во ЕУ

Додека во Македонија политичарите секој момент го чекаат – датумот, жителите на Франција не се расположени ЕУ да ги отвори портите за државите од западниот балкан. Имено, нова студија открила дека дури 59 отсто од Французите не гледаат со наклонетост кон пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ. Испитувањето открило растечка недоверба кон блокот како целина, јави дописникот на МИА.

За потсетување, преговори за пристапување во ЕУ не се започнати со Македонија и Албанија, а со Црна Гора и Србија се во тек. Босна и Херцеговина како и Косово се сметаат за потенцијални кандидати.

49 отсто од испитаниците сметаат дека членството на Македонија и Црна Гора во ЕУ, би било лошо. За Македонија 25 отсто од испитаните рекле дека нејзиното членство би било добро, а додека 26 отсто се без мислење. За Србија негативно мислење имаат дури 60 отсто од Французите, за Босна и Херцеговина 58 отсто, Албанија 60 отсто и Косово 65 отсто.

Реклама

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Некаде исправена ограда, некаде легнат полицаец - тоа е Скопје полно со граѓани

Next Post

Не сме само ние: И Бугари пробале да минат граница со лажни потврди за ПЦР тестови

Реклама