Професионалните војници со навршени 45 години старост, меѓу останатите опции, ќе имаат можност да станат пожарникари-спасители.
Ова веќе го направиле 16 од нив – осум лица во Скопје, пет лица во Кичево и тројца од Валандово, изјави денеска државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ.
Со ова тие ќе можат да продолжат да работат до остварување на услови за пензија.
Освен да станат пожарникари, професионалните војници по ангажманот во Армијата можат да се вработат во како затворски надзорници во затворите Идризово, Штип, Куманово, Велес, потоа во судовите како дел од судска полиција…
Дел од нив остануваат и како цивилни лица на служба во Армијата.