Dark Mode Light Mode

Вратете ги ваучерите „Купувајте домашно“ – апелираат производителите на месо

Претставниците од Групацијата за производство на месо и преработки од месо која е дел од Стопанската комора на Македонија бараат да се вратат ваучерите „Купувај домашно“, со предупредување дека четвртиот и планираниот петти пакет антикризни мерки нема да го дадат посакуваниот ефект зашто не се правилно насочени.

Од Стопанската комора пак, велат дека се уште траат разговорите со Владата за петтиот антикризен пакет, додавајќи дека се што би се кажало сега, би создало конфузија и забуна.

Додека Стопанската комора преговара, се повеќе сопственици на бизниси од речиси сите области јавно бараат од Владата фнансиска поддршка за нивниот сектор како најзагрозен од кризата.

Реклама

По угостителите кои викендов водеа преговори, денеска се јавија и сопствениците на фото студија и видео продукции, кои се здружија во Комора и тие бараат пари од државата за да опстанат.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Исполнети две третини од капацитетите на ковид - центрите во Скопје, ноќеска 11 новопримени

Next Post

Професионалните војници можат да бираат дали ќе бидат пожарникари, чувари во затвор, дел од судската полиција

Реклама