Dark Mode Light Mode
Ни З од зима - УХМР за утре најавува 16 степени
Темелковски го фати предизборен „вирус“ на чистење депонии, Шилегов уште е имун – Вардариште си расте
Концерт во чест на Саша Николовски - Ѓумар, во Филхармонија во четврток

Темелковски го фати предизборен „вирус“ на чистење депонии, Шилегов уште е имун – Вардариште си расте

Како се наближуваат локалните избори така општините почнуваат да се будат од зимскиот сон во кој често запаѓаат за време на мандатот. Па, така вчера, петнаесеттина општински работници во Кисела Вода направиле акција за чистење на една мини депонија, па ги скастриле грмушките и нараснатите гранки на дрвата кои пречеле на движење на пешачките патеки. Добро е тоа.

Сега недостасува само уште овој, т.н. предизборен вирус да го спопадне и Град Скопје, па да и се „фрли“ на огромната депонија кај Вардариште, во Маџари, во среде населено место. Иако живееме во време на еден друг опасен вирус, гореспоменатиот е пожелен да зафати што поголем број општини па да се освестат и да зачистат во сопствениот двор.

Кога сме кај депонијата Вардариште, таа остана неначната, иако градоначалникот Петре Шилегов, под чија одговорнст е – даде различни ветувања. Рече дека ќе се исчисти за неколку дена, па дека е претоварна станица оти комуналните камиони немале време да извозат до Дрисла…Потоа нагласи дека во моментот ја чисти, но кога новинарските екипи веднаш отидоа на местото на настанот, депонијата беше уште повеќе „расцутена“. Еднаш дури и самите комунални претпријатија ја полнеа иако се тврдеше дека се чисти. Пеколниот живот на луѓето во околината стигна и до народниот правобранител, кој отвори постапка. Во меѓувреме, неговиот мандат заврши – па прашање е дали новиот омбудсман ќе ја процесуира до крај.

Реклама

До овој момент Шилегов е отпорен на предизборниот „вирус“ за чистење депонии. Но има уште неколку месеци до избори, можеби сепак нема да остане имун?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ни З од зима - УХМР за утре најавува 16 степени

Next Post

Концерт во чест на Саша Николовски - Ѓумар, во Филхармонија во четврток

Реклама