Dark Mode Light Mode

Србија доби уште 40.000 вакцини од Русија, до март ќе се добијат околу два милиони вакцини

Вкупно 40.000 руски вакцини „Спитник V“ се испорачани на Србија од страна на производителот „Генериум“ за потребите на вакцинацијата на населението против корона вирусот. Пристигнати се 20.000 дози на компонентата 1 и 20.000 дози на компонентата 2.

Ова е само прва количина од 40.000 од вкупно два милиони вакцини што ќе дојдат во Србија во текот на февруари и мартИнтересот за руската вакцина во целиот свет е огромен, Србија е на нивниот список на приоритети број еден, а ова пристигнување на вакцините во Србија денес покажува колку Русија има блиски односи со Србија, изјави министерот за иновации Ненад Поповиќ.

Инаку, Србија од почетокот на имунизацијата на 24 декември до денеска вакцинираше повеќе од 401.500 граѓани со вакцините на „Фајзер-Бионтек“, „Спутник V“ и „Синофарм“.

Реклама

Најавено е дека во понеделник ќе пристигнат дополнителни 9.360 дози на Фајзер“. Во февруари се очекуваат вакцини против коронавирус преку програмата Ковакс. Србија е втора во Европа според бројот на вакцинирани граѓани на 100.000 жители, по Велика Британија и седма во светот, веднаш зад САД.

Да потсетиме, во Македонија се уште не е пристигната авкцина против опасниот вирус. Властите ветуваат дека наскоро ќе дојде.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Oблачно со сончеви периоди, навечер повремен дожд

Next Post

Газда на кафеана во Дебар Маало нападнат од гости, не сакале да заминат во 21 часот

Реклама