Dark Mode Light Mode

Oблачно со сончеви периоди, навечер повремен дожд

Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.

На останатото подрачје во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната ќе достигне од 5 до 11 Целзиусови степени.

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северозападен ветер. Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи претежно од дожд, пообилни во недела попладне.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дали и ОУ „Лазо Ангеловски“ ќе го стрефи иста судбина како „Димитар Македонски“?

Next Post

Србија доби уште 40.000 вакцини од Русија, до март ќе се добијат околу два милиони вакцини

Реклама