Dark Mode Light Mode
Дали диоптерот на министерот Маричиќ кога гледа во корупцијата е посебен?
Повеќето матуранти обединети во барањата и бојкотот, утре ќе се носи одлука како понатаму
Русија и понуди на ЕУ 100 милиони вакцини

Повеќето матуранти обединети во барањата и бојкотот, утре ќе се носи одлука како понатаму

Матураните во Македонија се обединети во своите барања промените во начинот на полагањето на матурата да се применат годинава, а не од следна година како што е ставот на Министерството за образование. Двете најголеми организации на средношколците – Сојузот на средношколците и Средношколски глас се со ист став дека треба да се полагаат само два, а не четири предмети. Бојкотот на наставата од страна на матураните продолжува и денеска како во изминативе денови при што на онлајн наставата и натаму не се вклучува најголем дел од матураните.

Лидерот на Сојузот на средношколците Бленди Ходаи денеска изјави дека бојкотот на наставата завршува денеска, а од утре ќе се донесе одлука за понатамошните чекори.

Претставници од матурантите во Сојузот утре ќе одлучуваме што ќе правиме од наредната недела. Осум дена бевме во бојкот и ќе одлучиме што е подобро за матурантите.  Многу од нив се изнервирани од случувањата помеѓу Сојузот и МОН. Можеби ќе има порадикален чекор, како протест или слично, или ќе одлучиме да престанеме со бојкотот и да се вклучиме во наставата. Сè уште не се знае, ќе дискутираме утре и ќе се гласа што ќе се прави, изјави денеска Ходаи.

Реклама

Во писмото до пратениците, Сојузот на средношколците бара поддршка, односно изготвување на законско решение кое ќе ги вклучи  нивните барања за полагање на два наместо четири предмети од државната матура за учебната 2020/21 година. Се бара да се полагаат два предмета – мајчин јазик (македонски, албански или турски) и втор предмет од областа која матурантот планира да ја студира.

-Од вас како директни претставници на граѓаните и контрола на извршаната власт бараме да јавна поддршка на нашите барања и барање МОН да ги исполни, да го искористите вашето влијание МОН да се вразуми. Ако МОН не се вразуми да се донесе посебно законско решение со кое нашите барања ќе се прифатат Ако вашето барање се покаже како залудно, единствено решение е Собрание да го измени Законот за средно образование кое МОН ќе мора да го почитува. Дополнување на Законот за средно образование во кое што ќе се наведе дека одредбата е привремена и се однесува само на учебната 2020/21 година е последен демократски чекор, се наваедува во писмото до пратениците.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дали диоптерот на министерот Маричиќ кога гледа во корупцијата е посебен?

Next Post

Русија и понуди на ЕУ 100 милиони вакцини

Реклама