Dark Mode Light Mode

Семафорите слабо светат црвено во Ѓорче или до реткото казнување е?

Вкупно 119 возачи вчера биле санкционирани од страна на полицијата во рамките на контролите кои биле спроведени на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров. Од нив дури 11 поминале на црвено светло, што е серизен сообраќаен прекршок.

18 се казнети за возење без возачка дозвола, 6 за нерегистрирани возила, 5 за возење под дејство на алкохол, 4 за технички неисправни возила од јавниот превоз, 11 за минување на затворен семафор (црвено светло), 16 санкции за користење на мобилен телефон и 7 санкции за некористење сигурносен појас, соопшти полицијата.

Од МВР уверуваат дека сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Реклама

Да се надеваме дека и ќе се засилат затоа што е очигледно дека голем дел од возачите не само што не почитуваат правила туку и го загрозуваат својот живот и животите на останатите учесници во сообраќајот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од грип досега заболеле 433 лица, за 73,2 отсто помалку од лани

Next Post

Во скопските ковид-центри има 262 пациенти, новопримени се 19 лица

Реклама